Заврши промотивната кампања и запознавањето на локалното население со содржината…

Заврши промотивната кампања и запознавањето на локалното население со содржината на стратегијата за локален економски развој на општина Старо Нагоричане. Беа посетени сите месни заедници во општината, а локалното население имаше можност да добие примерок од стратегијата на општината, но и преку промотивен материјал да се информира за целите кон чие што достигнување ќе се насочи општината во наредните 5 години. Кампањата беше спроведена од страна на членови на локалната активна платформа во општината која што се формираше во рамките на проектот “Локалната заедница и општината заеднички ја креираат стратегијата за локален економски развој“. Проектот целата измината 2018 година го спроведуваше Рурална Коалиција во партнерство со општина Старо Нагоричане, а финансиран во рамките на проектот “Граѓаните во служба на локалната демократија“