ЗА НАС

Здружение Рурална Коалиција – Куманово е доброволно, непартиско, невладино, непрофитно здружение на граѓани, кое е формирано со слободно здружување на граѓаните, заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања, како и заради вршење на разни дејности и активности.

ПОВЕЌЕ

До: Министерство за информатичко општество и администрација
г-дин Дамјан Манчевски, Министер

Предмет: Коментари и предлози на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2017-2022 и Акцискиот план

Почитуван Министер за информатичко општество и администрација, г-дин Дамјан Манчевски,
(1) Рурална Коалиција ја поздравува можноста за вклучување на граѓанските организации во консултативните процеси на Нацрт- Стратегијата за реформата на јавната администрација 2017-2022 (во понатамошниот текст Стратегија) и Акцискиот план. Како организација која својот акцент го става на земјоделството и руралниот развој, а со самото тоа и на земјоделците и руралното население како целна група на граѓани би сакале да ја истакнеме потребата од сеопфатност и инклузивност на Стартегијата која ќе ги има во предвид потребите на сите профили на граѓани кои ги користат услугите на администрацијата. Ако и во самата Стратегија се говори за процес кој што не е претходно изготвен ЗА граѓаните туку е процес кој што се создава и тече во директна соработка СО нив, ние како организација Ви ги доставуваме следниве коментари и предлози…

Погледнете го целиот документ

ПРОЕКТИ


ПОВЕЌЕ

Волонтирај

Волонтирањето е еден од најдобрите начини да се помогне во образованието на децата и младите во едно општество. Рурална Коалиција ја поддржува волонтерската работа за сите оние кои сакаат да придонесат во исполнување на нашата мисија . Доколку сакате да научите повеќе и да ги вклучите Вашите лични достигнувања и идеи кон целите на организацијата, Ве покануваме да се приклучите во нашиот тим!

Пријави се
Земјоделството е нашата најмудра работа, затоа што на крај само тоа придонесува за вистинска благосостојба, добар морал и среќа.
Томас Џеферсон

ГАЛЕРИЈА